Македонски (Macedonian)Albanian-AL

Клима

Од аспект на општите климатски карактеристики ова подрачје се карактеризира со умерено контенентелна клима со топли лета и ладни зими.
За општина Јегуновце карактеристични се и големиот број сончеви саати во текот на годината( 150 денови годишно), а зимскиот период е карактеристичен по големиот број на врнежи

 

Максимална, минимална и средна вредност на врнежи и висина на снежниот покривач за период од 10 год. 

alt

Извор: Хидрометеоролошки Завод-Скопје 2000

 

Температурна карактеристика на посматраното подрачје за период од 10 год.

alt

Извор: Хидрометеоролошки Завод-Скопје 2000

 

Карактеристиките на атмосферските струења се дефинирани со ружата на ветрови. Воздушните струења на воздухот во текот на годината се движат во северен, североисточен и северозападен правец. 


alt

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Извор: Хидрометеоролошки Завод-Скопје 2000

Полошката котлина е на повисока надморска височина од котлините и полињата по течението на Вардар. Во воздушна линија таа е оддалечена од Јадранското море околу 130 кт., но поради високите планински масиви од запад и северозапад, морското климатско влијание на термичкиотрежим во котлината не се манифестира. Од друга страна, котлинскиот карактер (котлинската орографија) условува појава на ниски температури во зимските месеци и зголемени температури на воздухот во летните месеци, што од своја страна условува зголемување на средното и апсолутното температурно колебање.

Просечната годишна температура изнесува 11,0°С Тетово°С. Во поедини години средната годишна темлература отстапува од просечната во широки граници и тоа во подрачјето на Тетово од 12,7 во 1952 година, до 10,2 во 1954 година а во подрачјето на Гостивар од 12,0 0С во 1958 год. до 9,6°С во 1956 г.

Долж целата долина на Вардар просечната јануарска температура е далеку над нулата (Гевгелија 3,4°. Д- Капија 2,1 °, Т. Велес 1,8", Скопје 0,4рС) додека во Полошката Котлина таа има негативна вредност. Во подрачјето на Тетово -0,7°С и во подрачјето на Гостивар -1,30С. Меѓутоа, просечната февруарска температура и во оваа котлина е позитивна и во Тетовското подрачје изнесува 1,9°С а во Гостиварското 1,6"С Како и во осганатите подрачја на Македонија и овде во Полошката Котлина, просечната декемвриска темература е нешто пониска од февруарската, а знатно повисока од јануарската. Во подрачјето на Тетово просечната  декемвриска   температура   изнесува   1,4°С,   а   во подрачјето на Гостивар 1,ГС. Просечната зимска температура во подрачјето наТетово изнесува 0,9°С, во подрачјето на Гостивар 0,5°С, додека истата во Скопската котлина изнесува 1,8°С а во Гевгелиското Поле 4,7°С. Разликата меѓу просечната зимска и просечната јануарска температура во подрачјето на Тетово изне-сува 1,6°С, во подрачјето на Гостивар 1,8°С, а разликата меѓу просечната летна и просечната јулска изнесува о,8°С, што покажува дека температурните осцилации во зимските месеци се знатно поизразени од летните (табл. 2).

Полошкатакотлина се одликува со доста ниски температу-ри на воздухот. Апсолутно минималната температура во подрачјето на Тетово изнесува -30,0° С (предвоен период) и -28,6° С забележана на 25 јануари 1963 година и -30,5 °С во подрачјето на Гостивар забележано во јануари 1963 година. Со вредност пониска од -25,0° С, може да се очекува на пет години еднаш, со вредност пониска од -20° С на четнри години еднаш а со вредност пониска од -15°С може да се очекува скоро секоја година. Минималната температура е под нулата од септемвриза-клучно со мај а под -10°С од ноември заклучно со март (табл. 3).

Оваакотлина во зимските месеци се одликува со често таложење на студен воздух и појавана температурни инверзии чија височина може да достигне и до 1000 метри. Во котлината имаме многу ниски температури, често пропратени со магла а над овој слој по високите околни планини температурите се далеку над нулата, пропратени со ведро, сончево и релативно то-пло време. Така, разликата во температурата на воздухот помеѓу котлината и Попова Шапка може да достигне повеќе од 10°С.

Просечниот датум на есенскиот мраз во Полошката Котли-на е 26 октомври, а на пролетниот 11 април и просечниот мразен период изнесува 168 денови. Најраниот есенски мраз е 30 септем-ври а најдоцниот пролетен мраз е 13 адај, така што екстремниот мразен период изнесува 227 денови. Меѓутоа, стварниот просе-чен годишен број на мразни денови изнесува 90 денови, т.е. 54% од бројот на деновите на просечниот мразен педриод, а 40% од бројот на деновите опфатени во екстремниот мразен период. Ве-гетациониот период, со просечна дневна температура од 5°С, трае од 9 март до 23 ноември, а од 10°С од 8 април од 24 октом-ври. Според тоа, во Полошката котлина постојат климатски ус лови за оштетување на земјоделските култури од појава на рани есенски и доцни пролетни мразеви (табл. 5).

Најраниот есенски мраз најчесто се јавува во октомври, со 48%, и тоа во втората декада 28%, во првата 12% и во третата 8%. Потоа, со зачестеност од 36%, се јавува во ноември и тоа со 20% во втората декада, со 12% во третата и со 4 % во првата декада. На-јраниот есенски мраз забележан во септември, со зачестеност 16%, се јавува во третата декада на овој месец (табл. 6). Тоа е мраз со слаб интензитет а само во една година со умерен интензитет. Мразот кој е со најголема зачестеност во октомври во 36% од случаите е со слаб интензитет, а во 12% со умерен интензитет. Ноемвриските есенски мразеви во 32% од случаите се со слаб ин-тензитет, а само во една година со умерен интен.зитет (табл. 8).

Најдоцниот пролетен мраз е со најголема зачестеност во април 60% и тоа 28% во втората, 24% во првата и 8% во третата декада. Потоа, со зачестеност од 28% се јавува во март и тоа во третата декада од месецот. Мајските мразеви се со 12% и се јаву-ваат во првата и втората декада (табл. 7).Мајските мразеви се со слаб интензитет, априлските главно со слаб, а само во две години со умерен интензитет. И мразевите кои се јавуваат во март се главно со слаб интензитет, а само во два случаи со умерен интензитет, (табл. 8).

Полошката Котлина иако лежи на поголема надморска височина, се одликува со доста високи максимални температури, особено во летните месеци. Апсолутно максималната температу-ра во подрачјето на Тетово изнесува 40,0 °С, забележана на 21.VII. 1987 година и 37,0 забележана во подрачјето на Гостивар. Со вредност повнсока од 35 X се јавува скоро секоја година. Дневната максимална температура со вредност повисока од35°С се јавува од јуни заклучно со септември, а со вредност повисока одЗО°С од мај заклучно со октомври. Со вредност повисока од 20°С се јавува преку целата година со исклучок во месеците јану-ари и декември.

Високите температурни вредности во топлиот дел од годи-ната во Полошката Котлина се потврдуваат и преку зачестеноста налетните и тропските денови. Просечно годишно во оваа кот-лина се јавуваат околу 100 летни денови. Тие се јавуваат од март заклучно со октомври, со максимум во летните месеци, особено јули и август, (табл. 10). Просечно годишно овде се јавуваат око-лу 35 тропски денови во кои дневната максимална температура е рамна или поголема од 30°С. Тие се јавуваат од мај заклучно со октомври со најголема зачестеност во јули и август.

Доста висока вредност на апсолутно максималната темпе-ратура и ниска вредност на апсолутно минималната температура условуваат големо апсолутно температурно колебање со вред-ност околу 69°С, што е обележје на подрачја под доста изразено континентално климатско влијание. Овде е изразено и просечното годишно температурно климатско колебање, кое из-несува преку 22°С, што е исто така едно од обележјата за конти-ненталното климатско влијание врз температурниот режим. Од друга страна, просечната есенска температура е нешто повисока од пролетната, во подрачјето на Тетово за 0,2°С, во Гостивар за 0,4 °С, што би требало да е обележје на одредено медитеранско климатско влијание врз температурниот режим. Меѓутоа, ако се има предвид, дека во Хвар, место под директно медитеранско климатско влијание, есента е заЗ,2°С потоплаод пролетта, во Ва-ландово есента е за 1,5°С потопла од пролетта, па според тоа раз-ликата од 0,2°С во корист на есента во Полошката котлина, не е резултат на медитеранско климатско влијание, но на смалената географска широчина и поради орографските карактеристики на повисока котлина, во која се формира локална клима со посебни температурни специфичности. Таа се одликува со топли лета, студени зими, преодот од зимата кон летото е изразен и меѓу месечните температурни разлики, во пролетните и есенските месеци се доста изразени.

Полошката Котлина е една од најврнежливите котлини во Република Македонија. Просечно годишно во оваа котлина паѓа-ат 784 тт врнежи}|а во подрачјето на Гостивар 893 тт. За според-ба просечните годишни суми на врнежите изнесуваат: во Скоп-ската котлина 515 тт, во Пелагонија од 576 до 598 тт, во Овче Поле од 472 до 496 тт, во Струмичката котлина 603 тт, во Ох-ридската котлина 708 тт, во Беровската котлина 647 тт и т.н. (табл. 11). Во поедини години годишните суми на врнежите се мену-ваат и отстапуваат од просечната годишна сума во широки гра-ници од 484 тт во 1953 година до 1045 тт, во наредната 1954 година, Според Гаусовата распределба за веројатноста на појаву-вање на годишните суми на вриежите, (граф. 10) поголема го-дишна количина на врнежи од П00 тт не може да се очекува. Веројатноста е 21)% да може да се очекуваат годишни суми на вр-нежи со поголема вредност од 900 тт. Веројатноста е 5% дека нема да се појават годишни суми на врнежи со помала вредност од 500 тт, или веројатноста е 95% оти можат да се очекуваат годишни врнежи поголеми од50()/шл. Во Полошката Котлина врнежите се доста нерамномерно распоредени во текот на годината, што се потврдува со зголеме-ната вредност на релативното колебање на врнежите, кое изнесу-ва 8,3%. Најврнежлив е ноември, со просечна месечна сума од 103 тт (Гостивар 114 тт), или 13% од годишната сума на врнежите, а со иајмалку врнежи е август 38 тт или само 5%. од просечната годишна сума на врнежите. Меѓутоа, и во најврнеж-ливиот ноември во поедини години месечната сума отстапува од просекот во широки граници од 25 тт во 1978 година до 259 тт во 1962 година. Во најмалку врнежливиот август месечната сума семенуваодОда», во 1952 годинадо 163да«во 1973година.

По годишни сезони во Полошката Котлина распорелот на врнежите е сосема поинаков одошто во Скопската Котлина. Овде е најврнежлива зимата, со просечно 248 тт, потоа есента со 219 тт, (поради најврнежливиот ноември), пролетта со 199 тт, а со најмалку врнежи е летото, просечно 117 тт.

Дневните максимални количини на врнежите се доста променливи. За овој период највисока дневна количина е забележана од 95,0 тт на 28 август 1974 година, потоа од 78,8 тт иа 15 мај 1968 година,од 63,8 тт на 16 ноември 1962 година итн. Нема години во која не е забележана дневна количина помала од З0 тта скоро секоја втора година се јавува дневна количина по-висока од 40 тт.

Од вкупниот просечеи годишен број на врнежливи денови (119), 80% отпаѓаат на ернежливи денови со дневна количина рамна или поголема од 1,0/»/» 41% на врнежливи деновисо днев-на количина рамна или поголема од 5,0 тт, 22% на врнежливи денови со дневна количина рамна или поголема од 10,0 тт и само 7% на врнежливи денови со дневна количина на врнежи рамна или поголема од 20,0 тт.Поголемиот дел на годишните количини на врнежите се од дожд а мал дел се од снег. Врнежите од"снеѓ~се"Тлавно ограничени на трите зимски месеци, но се јавуваат од октомври до април. Просечно годишно во Полошката Котлина се јавуваат 43 денови со снежен покривач, најповеќе во јануари 15, во февру-ари 12 и во декември 9, а останалите 7 дена се јавуваат во март, април и ноември. Во поедини години бројот на деновите со снежен покривач отстапува од просекот, така во 1954 година се забележани 106 а во 1964 година само 12 денови со снежен покри-вач. Максималната височина на снежниот покривач изнесува 117 ѕт забележано на 9 февруари 1954 година, потоа 95 ѕт на 12 фе-вруари 1956 година, 82 ѕт на 3 февруари 1956 година, 82 ѕт на 3 февруари 1963 година итн. Максималната височина на снежниот покривач најчесто се јавува во февруари, така во овој триесетгодишен период, во овој месец се јавува во 12 години, во јануари во 7, во декември во 5, во март во 4 и во ноември во 2 години.Најголемо непрекинато траење на снежниот покривач из-несува 94 денови и тоа од 21 декември 1953 година до 24 март 1954 година, потоа 64 денови, од 28 јануари до 31 марат 1956 го-днна, 55 денови од 9 јануари до 4 март 1958 година, 46 денови од 22 декември 1966 година до 5 февруари 1957 година итн.

И покрај релативно високите годишни количини на врнежите, во оваа котлина се јавуваат и сушни периоди, кои се најчести во летните месеци, но во поедини години се појавуваат и во другите сезони. Најчести се сушните периоди со траење од 10-15 денови. Така, одвкупниот број насушните периоди, 62% се со траење од 10-15 дена, 17% со траење од 16 до 20 денови, 9% со траење од 20 до 25 дена и 12% со траење подолго од 25 дена. Од вкупниот број на сушните периоди 78% се јавуваат во вегетацио-ниот период. Од нив 79% се со траење од 10 до 20 дена, а 21% се со траење подолго од 20 дена. По сезони најчесто се јавуваат во трите летни месеци, во есента и зимата се со најмала зачестеност (табл.13)

Во Полошката Котлина најдолготраен сушен период изне-сува 76 денови, започнува на 14 јули и завршува на 27 септември 1956 година. Потоа се јавува со траење од 72 денови од 25 јули до 4 октомври 1961 година. Забележани се и еушни периоди со траење од 63 денови, од 18 јули до 12 септември 1953 година, по-тоа есенска суша со траен>е од 53 денови, од 15 септември до 6 ноември 1965 година, па зимска суша со траење од 35 денови од 14 јануари до 18 февруари 1964 година.

На режимот на врнежите во Полошката Котлина се мани-фестира медитеранско климатско влијание. Поголемиот*дел на годишната количина на врнежите е во ладниот дел а помала во топлиот дел.од годината. Главниот максимум е во ноември, зим-ските месеци се доста врнежливи а летните се со изразито смале-ни количини на врнежи. Сушните периоди се јавуваат во топли-от дел од годината, особено во летните месеци, вклучувајќи го и месец септември.

Во Полошката Котлина, не се мери инструментално траењето на сончевото зрачење и приложените податоци за овој елемент се добиени преку пресметување од облачноста. Просечното годишно траење на сончевото зрачење изнесува 1876 часови и оваа котлина е меѓу најоблачните, т.е. со најмалку осончување во Републиката. 1 Со најдолго траење на осончувањето се одликува јули, просечно 277 часови, или просечно, 9 часови дневно, а најкусо осончување е декември и ја-нуари просечно 70 до 74 часови или 2 часа дневно (табл. 16)

Просечната годишна облачност во Полошката Котлина из-несува 5,9 десетини, со максимум во јануари, просечно 7,6 де-сетини, потоа во декември 7,4 десетини а минимум во август 3,7 и јули 4,0 десетини. Просечно годишно се јавуваат 67 ведри де-нови со најголема зачестеност во јули, август и септември. Бро-јот на тмурните денови е знатно поголем, просечно годишно 140, со максимум во јануари и во декември, а минимум во јули и август (табл. 17)

Релативната влажност на воздухот има доста изразен годишен бд во Полошката Котлина. Од јануари кон јули се смалува а од септември до крајот на годината се зголемува. Просечната годишна релативна влажност на воздухот изнесува 73%, со максимум во јануари, ноември и декември, просечно 83%, и минимум во јули и август, просечно64% (табл. 18).Орографијата на Полошката Котлина овозможува услови за појава на магла. Таа се јавува скоро во сите месеци од годината, но со најголема зачестеност е во зимските месеци и во доцните есенски и раните пролетни месеци. Просечно годишно ваат 34 денови со магла, но во поедини[годЈ4ни^овој_бр^оЈЈ;е мену-ва и се движи од 52 до 18 денова, Појавата на магла во оваа котли-на, најчесто е пропратена со појава на температурна инверзија и во тие денови во котлината е ладно и магловито а на Попова Шапка и другите околни високи планини времето е топло, ведро и сончево.

Во Полошката Котлина преовладуваат ветровите од северен правец, потоа од североисточен и северозападен правец. Достае изразен западниот и јужниот ветер, додека ветровите од остана-тите правци се послабо застапени.Северниот ветер со голема зачестеност се јавува во сите месеии од годината. Просечната годишна зачестенос1_.&_22Ш^1. со максимум во април 210%о, потоа во март 25\%о, а минимум во јули и декември, просечно 195%^. Просечната годишна брзина изнесува 1.5 ш/м^а.максималната годишна брзина достигнува27 т/ѕек. Средните месечни брзини изнесуваат од 1,2 до 2,0 т/.ѕек.Североисточниот ветер е втор по зачестеност по северниот. Просечната годишна зачестеност изнесува 90%о,|со максимум во јули \\2%о, потоа во мај и јуни 104%^, и минимум во декември 67%^. Просечната годишна брзина изнесува 2,2 т/ѕек, а годишна-та максимална брзина изнесува 20 т/ѕек. Просечните месечни бр-зини се движат од 1,7 до 2,5 т/ѕек.

Северозападниот и западниот ветер се со приближно иста зачестеност, од 76 до 69%о. Тие дуваат преку целата година, но најчесто во јули од 100 до 1 \У'А,<.■■, и помалку во јануари со М%( Просечната годишна брзина на северозападниот ветер е 1,4 т/ѕеК на западниот 1,7 т/ѕек, а годишната максимална брзина достигнува од обата правиа до 27 т/ѕек.

Источниот ветер е послабо изразен од западниот, Просечната годишна зачестеност е 51%о со макснмум во април 74%г, потоа во август и март 68%о а минимум во октомври М%о. Просечната годишна брзина изнесува 1.8 т/ѕек, а годишната мак-симална достигнува до 16 т/ѕек. Просечните месечни брзини се движат од 1,7 до 2,0 т/ѕек.

Јужниот и југозападниот ветер се со просечна годишна зачестеност од 44 до 48%ѓ со максимум во април 78%л, со мини-мум во трите есенски месеци од 26 до 34%г. Просечната годишнабрзина изнесува 2.2 т/ѕек, а годишната максимална брзина достигнува до 27 т/ѕек.

Југоисточниот ветер е со најмала зачестеност во оваа кот-лина. Просечната годишна зачестеност изнесува 25%о и со скоро изедначена зачестеност е во сите месеци од годината, од 17 до 33%ѓ. Просечната годишна брзина изнесува 1,5т/ѕек, а годишна-та максимална брзина достигнува до 14 т/ѕек.

Просечната годишна зачестеност на тишините изнесува У!1%о со максимум во октомври, ноември, декември и јануари МА°/г,,, минимум во април 248%о. Со други зборови, од октомври, заклучно со јануари, зачестеноста на ветровите е намалена, а од април до август ветровите се поизразени.

 

Warning: fsockopen() [function.fsockopen]: unable to connect to 193.0.6.135:43 (Connection refused) in /home/content/19/6335019/html/test/jegunovce/components/com_joomlastats/count.classes.php on line 1078

Warning: fsockopen() [function.fsockopen]: unable to connect to 200.3.14.10:43 (Connection refused) in /home/content/19/6335019/html/test/jegunovce/components/com_joomlastats/count.classes.php on line 1078

Warning: fsockopen() [function.fsockopen]: unable to connect to 196.216.2.20:43 (Connection refused) in /home/content/19/6335019/html/test/jegunovce/components/com_joomlastats/count.classes.php on line 1078